Комерцијална банка со подолг рок на отплата на потрошувачки кредит со ЕУР клаузула

20

komercijalna banka

Комерцијална банка воведе нова поволност во однос на рокот на отплата на потрошувачкиот кредит до 10.000 евра со ЕУР клаузула, кој сега изнесува и до 10 години.

Банката, како што се наведува, го продолжува и промотивниот период до 30.06.2014 година во кој сите примени и искористени барања за потрошувачкиот кредит до 10.000 евра со ЕУР клаузула ќе се одобруваат со 50% намален надомест за одобрување и администрирање.

Кредитот е наменет за сите постојни и идни кредитоспособни клиенти во редовен работен однос со плата/пензија во Комерцијална банка АД Скопје во износ повисок од 18.000 денари и да имаат најмалку три производи за физички лица во Банката (дебитна картичка, кредитна картичка, штеден влог, кредит, електронско банкарство или SMS банкарство).

Кредитобаратели пензионери може да аплицираат за овој кредит доколку оствариле право на пензија по други основи, а не по основ на исполнување законска старосна граница.

Банката овозможува и 50% намален надомест за одобрување и администрирање за сите примени и искористени барања за станбен  кредит со ЕУР клаузула  во промотивниот период до 30.06.2014 година.