Комерцијална банка со загуба од над 183 милиони денари во првите девет месеци

23

komercijalna banka

Комерцијална банка евидентираше загуба од 183.696.000 денари во првите девет месеци од оваа година, покажуваат податоците од неревидираниот и неконсолидиран биланс на успех на банката, објавен на Македонска берза.

Во текот на истиот период лани, банката оствари загуба во висина од 293.004.000 денари.

Нето приходите од камата, како што стои во коментарот на билансот, ја преставуваат основната компонента во формирање на вкупните приходи од работење и истите бележат намалување од 5,5% во однос на истиот период минатата година. Приходите од камата се намалени за 8,6%, а расходите за камата се намалени за 15,4%.

“Загубите поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа достигнаа износ од 285,6 милиони денари и во однос на истиот период минатата година се двојно зголемени. Поголемиот дел од евидентираното оштетување се однесува на имотот преземен по 01.01.2010 година, кое согласно регулативата од НБРМ, банката е должна да го признае најдоцна до 01.01.2014 година, дел се однесува на оштетување на имот преземен до 01.01.2010 година согласно Заклучокот од Одборот за управување со ризици, додека остатокот претставува загуба за оштетување по основ на продажба на преземениот имот и по основ на препроценки“, стои во коментарот на банката.