Комората на стечајни управници одбележа 10 години постоење

21

biznismeni-pixabay

Фото: Pixabay

Комората на стечајни управници на Република Македонија со свечена академија го одбележа 10-годишниот јубилеј, јавува Миа.

На академијата, како што информираат организаторите, свои обраќања имале претседателот на Комората на стечајни управници на Република Македонија, Ацо Петров, заменик министерот за економија Кире Наумов, претставникот на делегацијата на ЕУ во Македонија, Јаромир Левичек и тим лидерот на Проектот за зајакнување на административните капацитети за имплементација на законската рамка за стечај и ликвидација на трговските друштва, Красин Димитров.

По повод 10-годишниот јубилеј, како израз на благодарност за  придонесот во создавањето, развојот и поддршката на дејствувањето, на членовите на Комората, како и на институциите со кои е соработувано, беа врачени пригодни благодарници.