Компании со најголема разлика помеѓу платите на директорите и вработените

69

Иако знаеме дека директорите земаат прилично поголеми плати од вработените, сепак во некои компании овие разлики се неверојатни. Примањата на извршните директори се неколку илјади пати поголеми од просечната работничка плата, велат податоците на Equilar.

Еве ги и бројките.

The Gap: 3.566: 1

Извршниот директор на Gap, Артур Пек лани заработил 3.566 пати повеќе од просечниот работник. Неговата плата била 20,8 милиони долари, додека просечната плата кај вработените изнесувала 5.831 долари.

Mattel: 3.408: 1

Инон Креиз, директор на Mattel, лани заработил речиси 17 милиони, наспроти работничката плата во производствена единица во Индонезија, којашто била 5.489 долари.

Align Technology: 3.168: 1

Директорот на оваа компанија, Џозеф Хоган, има плата од 41,8 милиони долари, а просечната плата за вработените изнесува 13.180 долари.

Chipotle: 2.450: 1

Брајан Никол, извршниот директор на Chipotle, во 2018 година имал примања од 33,5 милиони долари, а просечниот работник зел 13.779 долари.

Williams-Sonoma: 2.447: 1

Директорката на Williams-Sonoma, Лора Албер лани си осигурала 27,3 милиони долари наспроти, просечната работничка плата од 11.137 долари.

Skechers: 2.159: 1

Извршниот директор на Skechers, Роберт Гринберг во 2018 заработил 27,4 милиони долари, за разлика од платата на вработените чијшто просек бил 12.673 долари.

McDonald’s: 2.124: 1

Стивен Естербрук, директорот на McDonald’s лани примил плата од 15,9 милиони долари, а работниците во просек зеле 7.473 долари.

Фото: Pexels