Компанија им плаќа на работниците да дадат отказ, само да им биде убаво

104

Компанијата Amazon има решение за работниците кои не сакаат повеќе да работат во таа компанија и им плаќа за да заминат.

Еднаш годишно, Amazon на вработените во дистрибутивните центри им нуди до 5.000 долари да ја напуштат компанијата.

Вработените имаат право на тоа по година дена работа во компанијата, но под услов оние кои ќе ја прифатат понудата никогаш повеќе да не се вратат да работат во Amazon.

“Сакаме во Amazon да бидат оние кои навистина сакаат. Долгорочно гледано, останувањето некаде каде не сакате да бидете не е здраво ни за работникот ни за компанијата“, соопшти портпаролката Мелани Ичиз.

Amazon нуди 2.000 долари на вработените кои во компанијата поминале година дена и дополнителни 1.000 за секоја година, до максимални 5.000 долари.

Amazon тврди дека не сака навистина работниците да ја прифатат понудата, а насловот на меморандумот гласи: “Ве молиме не ја прифаќајте оваа понуда“.

Фото: Pixabay