Компанија на Џесика Алба ќе котира на берза

30

Компанијата Honest Co, во сопственост на холивудската ѕвезда Џесика Алба се пријави за котација на берза преку иницијална јавна понуда на акции.

Компанијата е за детски производи за коишто во услови на пандемија имаше огромен интерес. Приходите на компанијата се зголемија за 28% лани, а пелените и влажните марамчиња чинат околу две третини од вкупната продажба.

Нето загубата на компанијата во текот на минатата година се намали на 14,5 милиони од 31,1 милион долари.

Компанијата со котирање на берза планира да го зајакне своето работење на интернет, а во исто време да ја зголеми својата присутност кај независните продавачи и на меѓународните пазари, вклучувајќи ја и Азија.

Компанијата Honest, чие седиште е во Лос Анџелес, планира приходите од продадените акции да ги искористи за финансирање на маркетинг активности и рекламирање, како и за лансирање на нови производи и преземање на комплементарни компании.

Алба ја основаше Honest во 2011 година, сметајќи дека нејзините детски производи се безбедна алтернатива за оние што се произведуваат со синтетички хемикалии, но компанијата во 2017-та година мораше да се спогоди во судски процес во којшто нивните производи за домашна и лична нега биле лажно означено како природни производи и без хемикалии.

Вредноста на Honest може да достигне околу две милијарди долари.

Фото: Facebook