Компанија од Канада претвора отпадна пластика во гориво

67

Канадска фирма пронајде начин како отпадната пластика, што завршува на депониите, да се искористи за добивање на гориво.

Технологијата веќе се користи од компанијата Sparta Group, којашто стои зад пилот проектот наречен Phoenix. На овој начин фирмата ги обезбедува своите транспортни камиони со дизел и бензин, пишува Anadolu Agency.

“Пет тони пластика се претвораат во 4.000 литри гориво“, вели Џон О’Бирек претседателот на Sparta Group чијашто локација е близу Торонто.

Технологијата применува екстремно високи температури коишто ја разложуваат пластиката, процес познат под името пиролиза. Пластиката се “сече“ на мали делчиња и оди во херметички сад, каде што се загрева без кислород, па затоа и не согорува кога се распаѓа.

Според О’Бирек со помош на оваа технологија на отпадната пластика и се дава нов живот како гориво коешто потоа оди во земјата и служи како храна за растенијата.

Фото: Pixabay