Компанија организира мистериозни летови за да привлече туристи

35

Австралиската авиокомпанија Qantas започнува “мистериозни летови“ со намера да го зајакне домашниот туризам во земјата.

Ова се еднодневни патувања, но патниците воопшто не знаат каде патуваат. Ваквите летови беа популарни и во 90-тите години на минатиот век. Исто така, ќе бидат организирани активности што вклучуваат правење вино, нуркање…

Проблем за авиокомпаниите, поради короната е драстичниот пад на патниците. Покрај Qantas и други компании смислија слични стратегии за да заработат пари за време на криза предизвикана од коронавирус.

Фото: Pixabay