Компанијата на милијардерот Безос ја носи првата жена на Месечината

37

Милијардерот Џеф Безос најави дека неговата компанија Blue Origin ќе ја однесе првата жена на Месечината.

“Ова е моторот (BE-7) што ќе ја однесе првата жена на Месечината“, објави Безос на Инстаграм, со снимка од проверката на моторот во центарот за испитување на американската вселенска агенција НАСА во Алабама.

Blue Origin со години го развива моторот BE-7 и конкурира со компаниите на Илон Mаск Space X и Dynetics за договор за изградба на следниот систем на НАСА за слетување на Месечината.

Фото: Pixabay