Компанијата што развива вакцина за коронавирус забележа скромен раст на приходите

48

Бритaнско – шведскиот фармацевтски гигант, AstraZeneca, производител на една од можните вакцини против коронавирус, објави скромен раст на приходите во третиот квартал како резултат на повисоки трошоци за истражување и развој.

Приходите се зголемиле за 3% на 6,6 милијарди долари, најмногу поради продажбата на лекови против рак и лек против дијабетес Farxiga, којшто помина низ клиничките испитувања за можна употреба во третманот на бубрежни заболувања.

Нивниот раст е побавен отколку во првата половина на годината. Заработката по акција се намали за 4%.

Во последните три месеци, помалку пациенти биле третирани, а трошоците за маркетинг, хигиенски мерки, како и истражување и развој се зголемени, што ги оптоварува приходите во третиот квартал, објаснува компанијата.

AstraZeneca, во соработка со Универзитетот Оксфорд, произведува можна вакцина против коронавирус, којашто ја сметаат за една од најперспективните во трката за наоѓање одговор на пандемијата.

Вакцината влезе во третата фаза на испитувања во септември, но мораше привремено да се прекине поради здравствените проблеми на британски волонтер, но потоа продолжи со испитувања.

Компанијата планира да ги презентира податоците од втората и третата фаза на истражувањето пред јавноста до крајот на годината.

Помеѓу јануари и септември, приходите се зголемиле за 9%, на 18,9 милијарди долари. Тие можат да изнесуваат 19,2 милијарди долари за целата година, се вели во соопштението на AstraZeneca.

Фото: Facebook