Концептна лабораторија за Зелена мобилност во регионот

31

iztok-seljakПроектот Едисон прерасна во иновативна платформа за зелена мобилност на иднината. Тој со полно право може да се вброи меѓу клучните проекти за забрзан развој на регионот Југоисточна Европа.Во духот на клучниот збор Поврзување на овогодишниот САМИТ100, покрај другите теми, фокусот ќе биде и зелена мобилност на иднината, како алатка за подобрување на квалитетот на живот во целиот регион, како и главна алатка за квантен скок на регионот во обид да ги достигне напредните глобални економии, па дури и да ја преземе водечката позиција. Шестиот САМИТ100 на бизнис – лидери од Југоисточна Европа, којшто ќе се одржи во Скопје на 16-ти и на 17-ти октомври, со гордост го најавува проектот е-Скопје, како продолжение на проектите Едисон, е-Белград и е-Целје.

Главен иницијатор на проектот Едисон е еден од основачите на САМИТ100, д-р Изток Селјак, кој е и претседател на Управниот одбор на словенечката Хидриа – една од водечките европски и глобални корпорации во полето на автомобилската и индустриската технологија.

Д-р Изток Сељак, исто така е и член на Одборот и потпретседател на САМИТ100, потенцира дека целта на проектот е масовно да се овозможи достапна електрична мобилност во регионот, преку регионално развиени решенија.

“Се обидуваме да ги разбереме клучните мегатрендови што ќе имаат силно влијание врз мобилноста во наредните 20-30 години и целиме да бидеме пред другите во имплементирање на потребните софистицирани технолошки решенија. Додека во претстојните три до пет години и натаму во голема мера ќе зависиме од моторите со внатрешно согорување и ќе треба радикално да ги подобриме, истовремено проактивно ќе го развиваме регионот во природна лабораторија за идната зелена мобилност“, изјави д-р Изток Сељак за словенечките медиуми.