Конференција на тема Енергетски политики – потреби (Гасификација, правна рамка)

19

Во организација на Фондацијата Конрад Аденауер (КАС), а во соработка со Центарот за енергетска ефикасност на Македонија (МАЦЕФ), како дел од Европската недела на одржлива енергија, во Скопје се одржува конференција за “Енергетските политики – потреби (Гасификација, правна рамка)“.

Конференцијата има за цел да презентира преглед на енергетската политика во Република Македонија и регионот, во поглед на исполнувањето на потребите од електрична енергија, како и преземените мерки за да се обезбеди соодветно ниво на квалитетна енергија, со посебен фокус на процесот на гасификација.

На конференцијата ќе биде промовирана и новата публикација со наслов “Енергетска политика на Македонија: Гасификација и правна рамка – преглед“.