Конференцијата Fabulous 2015 обедини светски истражувачи и предавачи

22

Liljana Gavrlivoska

Првата EAI конференција Fabulous 2015 ги обедините релевантните истражувачи од широката област на информатичко – комуникациските технологии и нивната примена во области, како што се телекомуникациските мрежи од следната генерација, телемедицината, локациски базираните сервиси, интелигентниот транспорт и надминување на дигиталниот јаз.

На конференцијата, која се одржува под покровителство на Европската Алијанса за Иновации (EAI) , присуствуваа проминенти светски предавачи, како што се професор Алберто Леон – Гарсија од Универзитетот во Торонто, професор Вељко Милутиновиќ од Универзитетот во Белград, д-р Токтам Махмуди од Кралскиот колеџ во Лондон и професор Луиз Да Силва од Тринити колеџ Даблин.

Нивните предавања побудија значителен интерес и дискусија кај публиката. Конференцијата, исто така, вклучи повеќе специјални сесии организирани од други еминентни професори од универзитети во Канада, Данска, Италија и Романија.

Конференцијата Fabulous 2015 завршува денеска, каде веќе е во тек конференцијата ETAI (Здружение на Македонија за телекомуникации, електроника, автоматизација и информатика).