Конкурс за награда за социјално претприемништво за 2016 година

21

nagrada za socijalno pretpriemnistvo

Од денеска до 27-ми април сите заинтересирани ќе можат да се пријават на конкурсот за Наградата за социјално претприемништво за 2016 година, пишува Миа.

Наградата за социјално претприемништво по втор пат ќе се организира во Македонија. Оваа награда веќе е присутна во 12 земји во Европа со поддршка на Фондацијата ЕРСТЕ и Impact Hub Vienna. Во Македонија ќе биде во организација на Младиинфо.

Наградата за cоцијално претприемништво 2016 претставува едукативна програма и натпревар за претприемачки идеи меѓу студентите и младите во Македонија. Претставените идеи во рамките на програмата имаат потенцијал да бидат развиени и имплементирани како иновативно решение во областа на социјалното претприемништво.

Целта на програмата е да се зголеми интересот меѓу младите за оваа област, како и да се поттикнат да размислуваат за создавање социјални бизниси како можност за развој на сопствена кариера. Најдобрите десет идеи ќе добијат бесплатно менторство и процес на инкубација.

За најдобрите три решенија во областа на социјалните бизниси обезбедени се парични награди во висина од 3.000, 2.000 и 1.000 евра. Покрај паричните награди, ќе се додели и една дополнителна награда од заедницата, којашто ќе добие дополнителна поддршка во развивање на идејата.

Четирите најдобри тимови ќе добијат и бесплатно патување во Виена.