Конзорциумски договор за стратешка соработка за директни ЕУ фондови

18

Работна средба на тема Потпишување на конзорциумски договор за стратешка соработка за директни ЕУ фондови за периодот 2014-2020 година ќе се одржи денеска во кампусот на Универзитет на Југоисточна Европа во Скопје.

Целта на потпишувањето на договорот е синхронизирана меѓусекторска соработка за искористување на директните ЕУ фондови достапни за субјектите од Македонија во функција на зголемување на промоцијата, иновациите и конкурентноста на малите и средни претпријатија.

Македонскиот конзорциум го сочинуваат Централниот регистар, Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството, Универзитетот на ЈИЕ, ЕМКИЦЕ – Центарот за ЕУ фондови и иновации, општините Тетово и Гази Баба.

Меѓу странските партнери и поддржувачи се Европската мрежа на бизнис ангели, Европската мрежа на бизнис и иновациски центри, Европскиот бизнис акцелератор и други.