Корона вирусот ги чини авиокомпаниите над 29 милијарди долари

55

Глобалната побарувачка за авио билети би требало да забележи пад прв пат по 2009-та година, а како причина за намалување се наведува епидемијата на корона вирусот, објави Меѓународната асоцијација за авиосообраќај, пренесува CNBC.

Ширење на корона вирусот ќе ги чини авиокомпаниите на глобално ниво повеќе од 29 милијарди долари, а најмногу ќе бидат погодени компании од азиско – пацифичкиот региони, проценува (International Air Transport Association – IATA).

“Овој период носи предизвици за глобалната авиоиндустрија. Запирање на ширењето на вирусот е главен приоритет. Авиокомпаниите ги следат препораките на Светската здравствена организација и другите тела за јавно здравје за да бидат патниците сигурни, поврзани со светот и да останат подалеку од вирусот“, вели Александре де Јуниак, главен извршен директор на IATA.

Проценките говорат дека приходите на кинеските авиокомпании ќе се намалат за 12,8 милијарди долари поради епидемијата. IATA претходно прогнозираше раст на побарувачката за оваа година во висина од 4,1%, што сега е ревидирано на 0,6%.

Фото: Pexels