Корона вирусот ги “зафати“ европските берзи

136

Европските акции бележат остар пад поради зголемената загриженост поврзано со потенцијалната економска штета од брзото ширење на корона вирусот.

Бројот на смртни случаи од почетокот на епидемијата во Кина надмина 80, а вирусот се прошири на повеќе од 10 земји, вклучувајќи го Франција, Јапонија и САД.

Според Reuters, информациите за бројот на смртни случаи и инфицирани лица со корона вирусот во Кина предизвика страв кај инвеститорите, по што се забележува голем пад на индексите на светските берзи.

Акциите на рударските компании забележаа пад од над 3% поради изложеноста кон Кина и во овој сектор најмногу се чувствува стравот за инвестирање.

Францускиот индекс CAC 40 бележи остар пад поради намалување на вредноста на акциите на луксузните брендови, како што се LVMH, Hermes, Kering, коишто во голема мера се потпираат на кинескиот пазар.

Во надолна линија одат и акциите во Велика Британија, па така индексот FTSE 100, забележа пад од 1,5%, што е најлош резултат од почетокот на декември лани.

Исто така, акциите на луксузниот бренд Burberry се намалени за 4,8%, поради големата зависност на овој бренд од кинескиот пазар.

Фото: Pexels