Костиќ инвестира 20 милиони евра во хотел на Копаоник

26

Српскиот бизнисмен, Миодраг Костиќ ќе инвестира 20 милиони евра во хотел на Копаоник, соопшти неговата компанија.

Станува збор за инвестирање во Гранд хотел, којшто важи за еден од најпознатите и најпрестижни хотели во Србија.

“Активностите почнаа на 12-ти април, а се очекува да завршат до почетокот на зимската сезона во декември оваа година“, соопштуваат од MK Group.

Групацијата од 2009-та година, кога го презела големиот хотелски комплекс, досега инвестирала повеќе од 50 милиони евра во објектите и придонесе за развој на Копаоник, како еден од важните планински туристички дестинации во Србија.

Фото: МK Group