Котација на 15-тата емисија на обврзници за денационализација

35

makedonska-berza-580x405

Одборот на директори на Македонска берза донесе одлука за котација на 15-тата емисија на обврзници за денационализација.

Вкупниот износ на емисијата е 12.000.000 евра, а номиналната вредност на една обврзница е едно евро.

Датум на издавање на обврзниците е 20.06.2016 година со каматна стапка од 2% годишно, на остатокот на расположливата главнина за отплата.

Обврзниците ќе достасаат на 01.06.2026 година. Каматата и главнината се исплатува еднаш годишно, на први јуни, во период од 10 години, започнувајќи од 01.06.2017 година.

На Официјалниот пазар на Македонска берза со овие обврзници ќе може да се тргува од 21.06.2016 година.