Kотација на четири нови државни обврзници

14

По поднесено барање за котација од страна на Министерството за финансии, почнувајќи од 21.02.2019 година, на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација и ќе започне тргувањето со четири нови државни обврзници со вкупна номинална вредност од 2.550.010.000 денари, информираат од Македонска берза.

Обврзниците се издадени во денари, со годишна исплата на камата, додека главнината се исплаќа на денот на достасувањето.