Креаторот на Ethereum донира милијарда долари во Индија

Идејниот творец на Ethereum, Виталик Бутерин, кој пред помалку од две недели стана најмладиот познат крипто милијардер во светот, донирал преку милијарда долари за индиски крипто корона – фонд.

Бутерин донирал 500 Ethereum валути и повеќе од 50 милијарди криптовалути што се слични на Dogecoin (Shiba In), вредни околу 1,14 милијарди долари во моментот на трансакцијата. Донацијата предизвика паника кај некои инвеститори, што придонесе пад на цената на дигиталните валути Shiba In за повеќе од 35% во изминатите 24 часа, пренесува порталот Starit.

Сандип Наилвал, кој ја основаше крипто организацијата Polygon, како и индискиот крипто корона – фонд рекол дека со донацијата нема да влијае нешто што би можело да ѝ наштети на заедницата, посебно во онаа што инвестира во Shiba In.

Бутерин, кој на почетокот на месецот стана најмладиот крипто милијардер на 27 години, префрлил дигитални валути во вкупна вредност од 336 милиони долари на непрофитна организација што се занимава со регенеративна медицина.

Исто така донирал и криптовалути за непрофитна организација што пронаоѓа хуманитарни организации ширум светот.

Фото: Facebook