Кредит се рефинансира кога отплатата ќе почне да “боли“

39

Никој од нас не сака некому да должи пари, но факт е дека голем број луѓе имаат најразлични долгови. Доколку се најдеме во ситуација кога не можеме да отплатиме рата од кредитот во банка, а отплатата почнува да создава финансиски проблеми, тоа е вистинско време да се размисли за рефинансирање.

Затоа, според порталот Каматица, важно е да направите проценка на личните финансии и да одговорите на прашањето: дали овој кредит ќе ми прави финансиски проблеми во следните три до шест месеци? Доколку одговорот е потврден, тогаш веднаш би требало да направите таканаречено паметно рефинансирање.

Тоа значи земање нов кредит, но во исто време и финансиско прилагодување, поточно корекција на приходите и расходите. Рефинансирање на кредитот без промена на навиките би значело само одложување, но и влошување на финансиските проблем, без да се најде соодветно решение.

Доколку кредитот чија отплата ви создава главоболки и не ви дозволува да обезбедите средства за други основни потреби, во тој случај мора да обрнете внимание на ситуацијата и да побарате стручна помош од банкар, кој согласно вашата состојба ќе може да ви одреди кредитен продукт што најмногу ви одговара.

Со кредит за рефинансирање можете да направите предвремена отплата на заеми што веќе сте ги искористиле, да ги подмирите долговите за кредитните картички, да ги исплати обврските на одобрените и искористени пречекорувања на тековни сметки и друго.

Она што е многу важно при земање на ваков тип на кредит е да се провери исплатливоста на самото рефинансирање.

Исто така треба да споредете понуди од различни банки, односно под кои услови ви ја нудат банките оваа можност. Потоа да видите дали кредитот е врзан со девизна клаузула, за која валута и колку тоа влијае врз месечната рата за тој кредит, дали каматата е фиксна или променлива и кога може да се менува, дали имате право кредитот да го отплатите пред рокот и под кои услови и слично.

Фото: Freepik