Што е кредит за рефинансирање?

614

Кредити за рефинансирање се кредити што подразбираат замена на постоечкиот долг кон банката со нов кредит. Најчесто износот останува ист со исти средства за обезбедување, меѓутоа под различни услови како подолг рок на отплата, пониска каматна стапка, грејс период и слично.

На овој начин добивате можност со нов кредит да подмирите еден или сите постоечки долгови кон банката без разлика дали тие се доспеани за плаќање или не.

Со кредит за рефинансирање можете да направите предвремена отплата на заеми што веќе сте ги искористиле, да ги подмирите долговите за кредитните картички, да ги исплати обврските на одобрените и искористени пречекорувања на тековни сметки и друго.

Она што е многу важно при земање на ваков тип на кредит е да се провери исплатливоста на самото рефинансирање.

Исто така треба да споредете понуди од различни банки, односно под кои услови ви ја нудат банките оваа можност. Потоа да видите дали кредитот е врзан со девизна клаузула, за која валута и колку тоа влијае врз месечната рата за тој кредит, дали каматата е фиксна или променлива и кога може да се менува, дали имате право кредитот да го отплатите пред рокот и под кои услови и слично.

:Pexels