Куба по повеќе од седум месеци го отвора аеродромот во Хавана

37

Аеродромот во Хавана ќе биде отворен за редовни комерцијални летови од недела, откако беше затворен повеќе од седум месеци поради пандемијата, пренесува Ројтерс.

Оваа одлука доаѓа во време на почеток на туристичката сезона од ноември до март иако се очекува помал број на посетители поради актуелната состојба во светот.

Туристичкиот сектор е еден од најсилно погодените во Куба, а веќе од минатиот месец земјата почна со постапно отворање на границите за странски гости.

Според властите, сите гости од странство ќе бидат тестирани на коронавирус при влез во земјата и ќе воведат дополнителни давачки со цел да ги покријат трошоците за хигиенските протоколи.

Куба не бара од туристите да бидат во карантин кога ќе дојдат во земјата, но туристичките агенции ќе инсистираат нивните клиенти да го следат сопственото здравје пред да патуваат, откако 11 од 900 руски туристи, кои пристигнаа минатата недела, беа позитивни по доаѓањето во Куба.