Kuehne + Nagel: Одлични резултати во тешко окружување

29

Во првата половина од 2019 година, групацијата Kuehne + Nagel Group го зголеми нето прометот на 5,3%, бруто добивката на 5,5% и добивката пред оданочување на 2% во споредба со истиот период лани. Поморскиот и копнениот сообраќај го продолжија растот како и во првиот квартал. Во услови на влошена пазарна средина, воздушниот сообраќај регистрираше намалување на волуменот. Реконструирањето на договорената логистика продолжи според планот.

Морски транспорт 

Морскиот сообраќај успешно го зголеми волуменот во првата половина од година за  4,5%, додека целокупниот пазар се зголеми само за 2,5%. Со 2,392 милиони стандардни контејнери (TEU), групацијата транспортираше 103.000 единици повеќе од истиот период лани. Селективната стратегија за раст на групацијата, ефективната контрола на трошоците и фокусот на услуги на клиентите ги дадоа своите резултати. Побарувачката за дигитални поморски решенија, исто така, покажа позитивен раст. Добивката пред оданочување за зголеми на 11,9% на 235 милиони швајцарски франци (213,5 милиони евра) во споредба со претходната година.

Воздушен сообраќај

Поради пазарите во стагнирање во некои клучни индустрии обемот на воздушниот сообраќај на групацијата се намали на 5,8% и достигна 813.000 тони во споредба со истиот период лани. Сепак, растот беше постигнат благодарение на индустриските решенија за фармацевтска и здравствена заштита, како и за расипливи производи.

Quick International Courier, еден од најдобрите лидери на пазарот за навремен транспорт и логистички услуги за фармацевтската, здравствената индустрија и за авиоиндустријата беше успешно интегриран. Со заработка од 157,9 милиони евра  (174 милиони швајцарски франци) добивката пред оданочување беше намалена на  4,4 во споредба со истиот период лани.

Копнен пат
Во копнениот сообраќај нето профитот се зголеми за 3,3% додека бруто добивката за 4,9%. Растот на овој дел од бизнисот забави во вториот квартал во согласност со пазарните трендови. Најзаслужни за растот во Европа беа Германија и Франција, додека поголемите потрошувачи одлично го сработија својот дел во Северна Америка.

Поради падот на цените на нафтата, стагнираше интермодалниот бизнис во САД и бизнисот со проекти во Блискиот Исток и Африка.

Благодарение на новата дигитална платформа за закажување Kuehne + Nagel ја проширија својата копнена понуда за Азија. Платформата којашто првично беше имплементирана во Тајланд, постепено ќе почне да се применува низ цела Југоисточна Азија. Добивката пред оданочување се подобри за 4,7% на 40,8 милиони евра (45 милиони швајцарски франци).

Договорена логистика 

Реструктуирањето на договорената логистика продолжи во вториот квартал. Нето профитот се зголеми за 4,4%, додека бруто добивката за 2,7% споредено со истиот период минатата година. Новите бизниси со фармацевтските и здравствените производи, како и е-трговијата покажаа позитивни резултати. Добивката пред оданочување беше под ланската цифра и изнесуваше 51,7 милиони евра (57 милиони швајцарски франци).

Д-р. Детлеф Трефзгер извршниот директор на Kuehne + Nagel International AG, рече: “Групацијата Kuehne + Nagel постигна високи резултати во првата половина од 2019 година. Тоа се должи на постојано имплементирање на нашата стратегија во сите бизнис единици. Моментално најмногу сме фокусирани на промените во воздушниот сообраќај и на активностите поврзани со реструктуирањето на договорената логистика. Со иницијативата за подобрување на нашите технолошки способности ќе станеме попрофитабилни и ќе ја подобриме услугата кон клиентите”.

Фото: Kuehne + Nagel