Куќа од картон отпорна на дожд

140

1

Холандската компанија Fiction Factory, по четири години развивање на идејата и усовршување, направи куќа чиј примарен градежен материјал е картонот. Куќата наречена Wikkelhouse е потполно безбедна, како било која друга куќа направена од поцврст материјал.

2

Картонот се затега околу цврсти рамки. Слоевите меѓу себе се спојуваат со еколошки лепак и се замотуваат околу рамовите. За да се постигне цврстина, картонот се замотува 24 пати околу рамката. Кога куќата ќе го добие посакуваниот облик, се прекрива со водоотпорен слој, па со дрвени летви. Внатрешноста е обложена со дрвени плочи.

3

Куќата е направена да издржи најмалку 100 години. Тежи само 6.000 килограми. Се прави од модули, па може да се добие куќа со различна големина, во зависност од тоа колку модули ќе се спојат.

Оваа еко куќа може и да се рециклира.