Купуваат криптовалути, а не знаат ништо за нив

117

Бидејќи движењето на цената на биткоинот и достигнувањето на нови рекордни вредности е главнa медиумска вест, оваа криптовалута привлекува сè повеќе инвеститори секој ден. Сепак, крипто почетниците не истражуваат долго пред да започнат со рударење или инвестирање во биткоин, открива неодамнешното истражување на софтверската компанија Cardiff.

Податоците собрани од 750 инвеститори во истражувањето спроведено од петти до 12 февруари, при што цената на еден биткоин порасна од 37.000 на 47.000 долари, покажува дека само 16,9% од инвеститорите кои ја купиле оваа дигитална валута “целосно ја разбираат“ вредноста и потенцијал на криптовалута, додека 33,5% од купувачите или не знаат ништо за оваа област или нивното ниво на знаење е “во зачеток“, пренесува CNBC. Сепак, недостатокот на знаење или разбирање не ги спречи да ја купуваат.

Истражувањето открива дека повеќе од 40% од сите купувања на крипто потекнуваат од нови инвеститори. Ова делумно се должеше на растечкиот тренд на прифаќање на биткоинот како платежно средство. Во изминатите два месеци, и PayPal и финтек компанијата Square, ја додадоа на нивните платформи за плаќање преку интернет.

Резултатите од истражувањето исто така покажале дека многу нови инвеститори во акцијата биле мотивирани од страв да не ја испуштат можноста за заработка. Повеќе од една третина од испитаниците истражувале за дигитални валути помалку од еден месец пред купувањето, а секој четврти клиент рекол дека тоа го сториле во надеж дека ќе профитираат на краток рок.

Обемот на инвестиции во криптовалути во јануари годинава беше 23 пати поголем од 2019 година.

Фото: Pixabay