Купуваат злато во Хрватска, а го чуваат во Швајцарија, Австрија, Словенија…

74

Во време кога цената на златото поради неговата рекордна цена, некои граѓани од Босна и Херцеговина го купуваат преку Хрватска. Како причина за тоа се наведуваат високите даноци во Босна и Херцеговина, па затоа не е развиен тој дел од пазарот, пренесуваат тамошните медиуми.

Експерти кои се занимаваат со продажба на злато и сребро објаснуваат дека граѓаните од БиХ можат легално да купат инвестиционо злато во Хрватска, под исти услови како сите граѓани на Хрватска, односно граѓани од било која земја од Европската унија.

Граѓаните на Босна и Херцеговина купеното злато, може да го чуваат во Хрватска, Швајцарија, Германија, Австрија или Словенија.

Фото: Freepik