Купување дом со станбен кредит – едукативна брошура на НБРМ

25

Едукативна брошура Купување дом со станбен кредит, објави Народната банка на Република Македонија (НБРМ) во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа, пишува Миа.

Според гувернерот на НБРМ Димитар Богов, информациите во брошурата треба да им помогнат на граѓаните при одлучување за земање кредит и на кои елементи да обратат внимание.

“Каде е битно да се задлабочат, да не пропуштат нешто, каде има некои потенцијални ризици и каде има некои  скриени трошоци. Секако, тоа не е лесна задача  ниту за оние коишто имаат економско, финансиско образование, а уште потешка задача е за граѓани коишто немаат такво образование односно се специјализирани во некоја друга струка“, рече гувернерот Богов на промоцијата на брошурата.

Примероци од брошурата ќе бидат доставени во експозитурите на сите деловни банки од каде ќе им бидат достапни на граѓаните.