Квебек одлучи до 2035-та година сите возила мора да бидат електрични

19

Властите на Квебек донеле одлука до 2035-та година сите нови автомобили кои се продаваат во втората по големина канадска покраина да бидат електрични.

Најавата на властите на Квебек е дел од “зелениот план” на покраинската влада – инвестиции од 6,7 милијарди долари за борба против климатските промени.

Предлогот нема да влијае на комерцијалните или индустриските возила, како ни на продажбата на половини возила со мотори со внатрешно согорување, пренесуваат канадските медиуми.

На Квебек отпаѓаат 50% од вкупната продажба на електрични возила во Канада, но возниот парк од автомобили на струја и натаму е мал и изнесува помалку од 1,5% од сите регистрирани возила.

Владата на Квебек сака тој број да го зголеми на 30% до 2030-та година, наоколу 1,5 милиони регистрирани електрични возила.

Сојузната влада на Канада од своја страна најавила дека сака да ја прекине продажбата на нови возила со внатрешно согорување до 2040-та година.

Потегот на Квебек е сличен на оној веќе најавен во Велика Британија (2030), Шведска (2030) и Калифорнија (2035), додека покраината Британска Колумбија на западниот брег на Канада минатата година најавила забрана за возила на бензински погон почнувајќи од 2040-та година.

Фото: Pixabay