Лагард: Еврото ѝ носи на Бугарија просперитет, безбедност и зајакнување на нејзината улога во ЕУ

Со усвојувањето на еврото од почетокот на следната година, Бугарија ќе постигне поголем просперитет и безбедност и ќе ја зајакне својата улога во Европската Унија, изјави денес во Софија претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард.

Според неа, просечниот бруто домашен производ на Бугарија по глава на жител се зголемил во периодот 2015-2025 година од една третина на речиси две третини од просекот во Еврозоната.

Таа, исто така, истакна дека 65 проценти од бугарскиот извоз е насочен кон Европската Унија, а 45 проценти кон земјите од Еврозоната.