Лани со такси превезени 27,6 милиони патници

20

taxi-pexels

Фото: Pexels

Според податоците на Државниот завод за статистика, со истражувањето за такси превоз се опфатени 2.172 патнички автомобили од 211 извештајни единици.

Во 2016 година, со 2.172 патнички автомобили се превезени вкупно 27.621.000 патници, од кои 23.761.000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се превезени 3.860.000 патници.

Со истиот број на возила се остварени вкупно 61.817.000 километри од кои 51.759.000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 10.058.000 километри.