Лејди Гага со Versace прославува 10 години од Born This Way

13

Лејди Гага ги здружи силите со модниот бренд Versace за да прослави 10 години од издавање на нејзиниот албум Born This Way со лимитирано издание на колекција на облека.

Триесет и петгодишната пејачка веста ја објавила на Instagram, само неколку денови откако најави редизајн на албумот, пишува Daily Mail.

Вкупно 30% од приходите од продажба се наменети за организацијата Gaga Born This Way, а целта е поддршка на ЛГБТ заедницата и менталното здравје.

“Versace од секогаш бил лидер. Отсекогаш Џани, Донатела, Алегра славеа со прекрасни бои на љубовта што ги носиме во себе и ги споделуваме со другите. Сите сме различни, но различноста е убава“, порача Гага.

И претходно американската пејачка имала симпатии кон овој моден бренд, носејќи облека на Versace на настапот на Super Bowl во 2017 година.

Фото: Facebook