Lexus не сака да произведува во Кина за да не му падне квалитетот

27

2012_lexus_lf_lc_hybrid_supercar_concept_01-0110

Многу автомобилски компании веќе имаат свои фабрики за производство во Кина кои произведуваат главно за домашниот пазар, а многу други брендови предвидуваат наскоро да го направат истото. Во овој список влегуваат Volkswagen, BMW, Mercedes, GM, Ford и Audi, но Lexus ќе продолжи да увезува автомобили за Кина од Јапонија. Објаснувањето од страна на Lexus е децидно – брендот не сака да даде предност на квантитетот пред квалитетот. Оваа политика е поддржана и од претседателот на Lexus, Токуо Фукуичи, кој вели дека компанијата секогаш треба да ги исполнува очекувањата на своите клиенти, а особено да внимава на квалитетот на автомобилите на брендот.

“BMW, Mercedes, Audi имаат реноме кое со години го негуваа, додека Lexus се уште го нема тој статус во главата на купувачите. Купувачите би не напуштиле кога би имале проблем со квалитетот, затоа што тоа е тоа што го бараат од нас”, вели Фукуичи за Ројтерс.

Кина е втор по големина пазар на Lexus, пред него е само САД, но во компанијата одлучиле да го преземат ризикот да продолжат да внесуваат поскапи, но квалитетни автомобили од Јапонија.

Lexus производството го започна во 1989 година и им беа потребни околу 15 години да започнат да произведуваат надвор од Јапонија, во фабриката во Канада. Планираат да го прошират производството и во САД до 2015 година.