Фото: Facebook
Со цел да ја промовира ниската потрошувачка на вода за време на перењето облека, LG постави машина за перење среде пустина во Чиле, пишува Creativity online.
Машината за перење од паметната линија на LG користи вода од кактуси, а целта на кампањата е да се покаже дека овој апарат за домаќинство користи 42% помалку вода во еден циклус на перење.
Зад оваа кампања стои бразилката рекламна агенција Y&R.