Либерализацијата на пазарот на струја ќе донесе сметки пониски и до 40%

26

Следната фаза од процесот на либерализација во Македонија, што ги опфаќа малите компании, ќе донесе пониски цени на сметките за потрошена електрична енергија до 40%, сметаат од Energy Delivery Solutions (ЕДС).

Најголема заштеда од 40% ќе има кај оние приклучени на втор тарифен степен, а просечното намалувањето на сметките ќе биде од 25% до 30%.

Во оваа фаза од либерализацијата, која треба да почне од први септември, ќе бидат опфатени меѓу 15.000 и 20.000 компании.

“Бенефит има за компаниите, а тоа го покажуват и сметките кои веќе ги добија и кај сите покажуваат намалување“, вели Кочо Анѓушев, сопственик на ЕДС.