Lightyear One – електричен автомобил на сончева енергија што вози на долги патеки

55

Старт-ап од Холандија креираше електричен автомобил што се движи на сончева енергија и може да помине 725 километри со едно полнење на батеријата.

Возилото изгледа модерно и елегантно, а според основачот и извршен директор на Lightyear Лекс Хувшлаут, дизајнот има за цел да придонесе за максимално искористување на секој зрак сончева енергија.

Хаубата и покривот на Lightyear One имаат вградени сончеви ќелии прекриени со безбедносно стакло, пишува Designboom.

“Две години сонувавме, работевме и размислувавме за да дојдеме до овој резултат, гигантски чекор во постигнување на нашата мисија – да обезбедиме чиста мобилност за секого.“, вели Хувшлаут.

Стартапот е основан во 2016 година, а веќе има продадено над 100 возила коишто треба влезат во производство во 2021 година.

Материјалите од коишто е изработен Lightyear One придонесуваат за мала тежина и голема ефикасност. Токму тоа овозможува да се поминат 725 километри со едно полнење.

Иако автомобилот се движи на сончева енергија при итни случаеви може да се наполни од регуларна електрична станица.

Фото: Lightyear