Limak, VTB Capital и Flughafen Zürich сакаат заедно да управуваат со аеродромот Софија

28

sofia

Турски Limak Holding, руската VTB Capital и швајцарскиот Flughafen Zürich заедно ќе достават понуда за 35 годишна концесија на аеродромот во Софија, јавува Ројтерс.

Во септември Бугарија го продолжи рокот за доставување понуди за еден месец, до 18 ноември, поради зголемениот интерес.

Бугарската влада очекува од тендерот за оперирање на главниот софиски аеродром да добие 689 милиони долари.