LinkedIn дели 960 откази

63

Деловната мрежа LinkedIn ќе подели околу 960 откази низ светот откако е намалена побарувачката за вработување од компаниите чија работа е погодена од пандемијата, пренесува ВВС.

Овој рез ќе значи намалување на работната сила на LinkedIn за 6% на глобално ниво, вклучувајќи и ја Велика Британија.

Во пораката на главниот извршен директор на LinkedIn, Рајан Рослански, се наведува дека тоа ќе бидат единствените откази што ги планира компанијата. Најавата доаѓа откако компании од различни дејности ја намалија понудата за работа.

Рослански смета дека ниту LinkedIn “не остана имун на ефектите од глобалната пандемија“.

Инаку, LinkedIn, чиј сопственик е Microsoft, има канцеларии во над 30 градови во светот и вработува 16.000 лица.

Фото: Freepik