LinkedIn воведува пребарувач за работа

14

LinkedIn воведува нова алатка наречена Career Explorer што ќе им овозможи на корисниците да најдат работа врз основа на вештините што ги имаат, а ќе обезбеди  и насоки за тоа кои дополнителни вештини можеби ќе треба да ги научат за понатамошно стеснување на потрагата по нова работа, пишува TechCrunch.

Career Explorer е во бета верзија.

Покрај тоа, LinkedIn лансира нов портал посветен на усовршување на дигиталните вештини, воведува суптилна промена во рамката на фотографиите на кориснички профил што ќе укаже дали барате работа или вработувате и додава алатки за подготовка за интервју.

Фото: Pixabay