
Финансиските пазари се под силен притисок поради неизвесноста и зголемувањето на цените на нафтата, поради американско-израелската воена операција против Иран и одмаздничките напади на Иран врз неколку земји на Блискиот Исток.
Европските берзи забележаа остар пад на отворањето, Париската берза падна за 2,36 проценти, Франкфуртската берза за 2,29 проценти, додека Лондонската е во пад од 0,93 проценти, објавува Фигаро.
На почетокот на неделата, најважните индекси паднаа на европските берзи како реакција на нападот на Израел и САД врз Иран, акциите на авиокомпаниите најмногу паднаа, а единствените што пораснаа беа акциите на нафтениот сектор поради порастот на цените на нафтата поради страв од глобални прекини во снабдувањето.
Паневропскиот индекс STOXX 600 падна за 1,6 проценти во 9:15 часот наутро, откако достигна рекордно високо ниво на крајот на минатата недела. Сите берзански сектори, освен нафтата и гасот, забележаа пад на цените.
Во исто време, лондонскиот индекс FTSE падна за 0,93 проценти, на 10.808 поени, германскиот DAX за 2,3 проценти, на 24.701 поен, а францускиот CAC за 2,34 проценти, на 8.379 поени.











