Lufthansa ќе подели уште 29.000 откази

33

Германската авиокомпанија, Lufthansa оваа година ќе ја заврши со 29.000 вработени помалку, поради пандемијата.

Компанијата во странство веќе поделила 20.000 откази, а во Германија во следните години ќе отпушти околу 10.000 лица.

Германија веќе ја спаси авиокомпанијата од банкрот, но планирано е бројот на вработени во Lufthansa да се позиционира на 100.000 преку отпуштање, доброволно заминување или договор на определено време.

Дел од вработените ќе мора да прифатат да работат и за пониска плата.

Lufthansa беше силно погодена од кризата што ја предизвика пандемијата, а загубите до крајот на третиот квартал достигнаа 5,6 милијарди евра. Во меѓувреме е регистриран скок на летови за време на празниците, посебно за Канарските острови, Кејптаун во Јужноафриканската република и Канкун во Мексико.

Фото: Pixabay