Lufthansa нуди брз тест за Ковид-19 од 139 евра

32

Германската авиокомпанија Lufthansa на аеродромот во Франкфурт на патниците ќе им нуди тест за коронавирус за којшто резултатите се добиваат во рок од неколку часа.

На овој начин патниците, како што пренесува Financial times, би можеле да избегнат карантин во земјата.

Авиопревозникот склучи соработка со германската компанија за генетски тестирања, Centogene, којашто отвори свој центар на аеродромот.

Цената на тестот е 139 евра.

Фото: Freepik