Lufthansa откажа 3.800 летови поради штрајк на пилотите

19

LufthansaГерманската авиокомпанија Lufthansa вчера објави дека од среда до петок откажува 3.800 летови поради штрајк на пилотите.

Откажаните летови се однесуваат на вкупно 425.000 патници, а во овие три дена на програмата ќе останат само 500 летови, соопштуваат од компанијата, пренесуваат агенциите.

Синдикатот очекува силен одзив, но не прецизираше колку од околу 5.000 пилоти ќе штрајкуваат.

Минатата недела Lufthansa откажа 600 летови поради штрајк на персоналот на земја, носачите на багаж и работниците во одржувањето на скоро сите големи германски аеродроми.

Целта на синдикатот е да се зголеми притисокот на владата пред третиот круг преговори за покачување на платите.