Lufthansa откажа 600 летови поради штрајк

14

Flugbegleiter-Streik bei der Lufthansa hat begonnenНајголемиот германски авиопревозник, Lufthansa, соопшти дека денеска откажува 600 летови, што е околу една третина од сите летови, поради штрајк на своите вработени. Синдикатот Верди го повика персоналот на земја, носачите на багаж и работниците во одржувањето на скоро сите големи германски аеродроми на штрајк во утринската смена, јавува Ројтерс.

Целта на синдикатот е да се зголеми притисокот на владата пред третиот круг преговори за платите, кој би требало да започне на крајот на овој месец. Синдикатот бара поголеми плати за 3,5% плус дополнителни 100 евра месечно за околу 1,2 милиони работници во јавниот сектор.

Lufthansa проценува дека штрајкот ќе чини милиони евра.

Останатите авиокомпании најавија дека можат да се очекуваат доцнења и откажувања на летовите.