Lufthansa: Со брзи тестови до повеќе патници

40

Германската авиокомпанија Lufthansa купи 250.000 брзи тестови за коронавирус со цел да го поттикне патувањето.

Планирано е новата мерка прво да се тестира на домашните летови, а сите патници ќе бидат бесплатно тестирани со брзи тестови кои покажуваат резултат во рок од еден час.

Оние кои не сакаат да бидат тестирани на аеродром, ќе може да приложат негативен сертификат којшто не треба да биде постар од 48 часа.

Компанијата на тој начин сака да го поттикне патувањето што беше скоро целосно запрено со избувнувањето на пандемијата Ковид-19. Брзите тестови беа користени минатата недела на летот помеѓу Минхен и Хамбург. Компанијата објасни дека тие купиле 250.000 тестови во првата фаза, а доколку мерката се покаже успешна, Lufthansa се надева дека ќе ги искористи за да ги поттикне патувањата во странство.

Фото: Pixabay