Луѓето повеќе им веруваат на компаниите отколку на лидерите на земји

30

Според истражувањето на The Listening Project, спроведено на 29.000 граѓани во 27 земји, организирано од Milken Institute и Harris Poll, пандемијата разоткри светски лидерски дефицит и покажа дека луѓето имаат поголема доверба во компаниите отколку во владите за економските резултати на кризата.

Проектот покажа дека 61% од луѓето проценуваат дека бизнисите имаат поголема улога отколку владата кога станува збор за продолжување на функционирањето на нивната земја.

Интересно е тоа што во повеќето анкетирани земји, компаниите се оценети како посигурни од владите, а граѓаните очекуваат од нив да зборуваат за потребите и да одговараат на социоекономските предизвици. Во само три земји – Кина, Малезија и Индија, граѓаните силно ги поддржале своите политички лидери во врска со нивните мерки против пандемијата. Во Соединетите држави, еден од тројца силно го поддржува националниот одговор на пандемијата.

Истражувањето покажа дека околу две третини од испитаниците проценуваат дека економското влијание на кризата е посилно од оној на коронавирусот, а околу 69% од луѓето се плашат да не останат без работа.

Фото: Freepik