Луксузен автомобилски бренд укинува 500 работни места

54

Британскиот производител на луксузни автомобили, Aston Martin планира да укине околу 500 работни места поради намаленото производство на спортски автомобили, пишува Reuters.

Автомобилскиот производител што има традиција подолга од еден век планира да го намали бројот на работници поради намалениот обем на производство.

Во Aston Martin ги намалуваат неефикасните трошоци во повеќе области, како што се големина на погони, маркетинг, патувања и слично.

Со овие чекори на реструктуирање, планирано е да се заштедат нешто над 47 милиони долари на годишно ниво.

Фото: Facebook