Лусаил – футуристичко чудо што Катар го гради за Светското првенство

90

Qatar 2022 Reveals Innovative New Stadiums

Катар се подготвува за Светското првенство 2022 година. Владата вложи 45 милијарди долари за од темели да изгради нов град Лусаил, што според илустрациите изгледа доволно футуристички за да би можел да се најде на друга планета.

Кога изградбата ќе биде завршена, Лусаил ќе има трговски центри, зоолошка градина, училишта, болници и сместување за 250.000 луѓе, пишува CNN.

Во трговските центри ќе се наоѓаат канали и водопади, а жителите на градот ќе се движат со мрежа на возови, такси на вода и подземни тунели.

Предвидени се и два големи терени за голф, забавна област со забавни паркови на островите Qetaifan – четири вештачки острови на коишто ќе се наоѓаат куќи, хотели и пристаниште за јахти.

Лусаил ќе има надзорни камери на секоја улица.

На фудбалскиот стадион ќе можат да присуствуваат 86.000 навивачи и се очекува на него да се игра финалето на шампионатот.

Зградите во градот ќе се ладат со соларна енергија и ладна вода испумпана преку голема мрежа на цевки, што според архитектите на градот е поевтин и енергетски поефикасен отколку електричната климатизација.

Се очекува градот да биде изграден до 2019 година, три години пред Првенството.

Видете како ќе изгледа Лусаил:

1

2

3

5

6

7

9

10