Maestro на Mastercard заминува во историјата?

Mastercard размислува да го укине брендот на дебитни картички Maestro ширум светот, јавуваат светските медиуми.

Како една од причините за потенцијалното укинување на Maestro е недоволната профитабилност на брендот и ниските провизии на картичките.

Овие картички, како што се наведува, не се користат во продажбата преку интернет, сегмент којшто има најголема стапка и потенцијал за раст.

Mastercard го основаше брендот Maestro во 1990-та година.

Фото: Pixabay